САД
Блинкен во посета на Германија, Турција и Грција
16.02.2023 10:08
Блинкен ќе учествува на безбедносната конференција во Минхен и ќе ги следи активностите и помошта на САД по земјотресот што ги погоди Турција и Сирија...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја почнува посетата на Германија, Турција и Грција која ќе трае до 22-ри февруари. Тој ќе учествува на безбедносната конференција во Минхен и ќе ги следи активностите и помошта на САД по земјотресот што ги погоди Турција и Сирија.
Во Турција ќе ја посети воздухопловната база Инџирлик, а во Грција ќе разговара со премиерот на земјата, министерот за надворешни работи и лидерот на опозицијата.
