Почина тенисерката Елена Балтача
05.05.2014 11:38
Поранешната најдобра тенисерка на Велика Британија Елена Балтача почина од рак на црниот дроб на 30-годишна возраст.

Родена е во Украина, а пораснала во Шкотска. Во март оваа година открила дека ја имаа оваа тешка болест.
Балтача беше најдобра тенисерка на Велика Британија три години, а од активното играње се повлече во 2013-та .
Во својата кариера има освоено 11 титули, има играно во третото коло на Вимблдон во 2002.-ра и трето коло на Австралија опен во 2005 и 2010.година.