Предметите на СЈО не пропаѓаат, реши судот во Стразбур
Европскиот суд во Стразбур се изјасни за аболициите на поранешниот претседател Иванов. Институцијата соопшти дека апликациите на осудените и обвинетите од предметите коишто ги отвори СЈО, а кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги помилува, се недопуштени...

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ги одби жалбите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Институцијата соопшти дека апликациите на осудените и обвинетите од предметите коишто ги отвори СЈО, а кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги помилува, се недопуштени. Судот смета дека обвинетите и осудените не успеале да ги исцрпат домашните правни лекови и оваа одлука е финална.
Ова практично значи дека предметите на поранешното СЈО не пропаѓаат и постапките за нив продолжуваат. Апликациите во Стразбур ги поднесоа дел од поранешните функционери против кои постапки отвори СЈО, кои се повикаа на аболицијата на екс-претседателот Иванов, која потоа тој ја повлече.
