ЈСП

Приватните превозници очекуваат средба со Град Скопје

16.02.2023 11:04

Град Скопје без конкретен одговор кога ќе се случи, приватните превозници сè уште очекуваат средба со град Скопје и ЈСП...

Град Скопје без конкретен одговор кога ќе се случи. Приватните превозници сè уште очекуваат средба со Град Скопје и ЈСП. 135 компании или 210 автобуси чекаат зелено светло за да продолжат со работа и да им биде исплатен долгот од 2 милиони евра.

Јовица Зафировски, приватен превозник и дел од новото координативно тело, вели дека Град Скопје прави анализи за модернизирање на градскиот сообраќај и нивно вклучување, а тие ќе бидат трпеливи и ќе почекаат. Од Град Скопје не одговорија конкретно кога ќе се случи средбата.