Куманово
Кумановец загина во пожар во куќа
16.02.2023 11:43
62 годишен кумановец, почина во клиниката „Мајка Тереза“, откако бил потешко повреден во пожарот кој вчера попладне, избувнал во неговиот дом...

62 годишен кумановец, почина во клиниката „Мајка Тереза“, откако бил потешко повреден во пожарот кој вчера попладне, избувнал во неговиот дом на улицата „Сава Ковачевиќ“.
Со полесни повреди се здобиле и неговите двајца синови, кои биле пренесени за укажување помош во кумановската болница. Пожарникари за еден час успеале да го ликвидираат пожарот и да спречат да се прошири кон други објекти.
Полицијата изврши увид и работи на расчистување на случајот.
