Украина

Напади со руски ракети и дронови во Украина

16.02.2023 11:50

Според украинските власти погодени се места на север и западот на Украина, како и централните региони Дњепропетровск и Кировоград...

Руската војска извела напади со ракети и беспилотни летала низ Украина во текот на ноќта и ги активирала системите за воздушна одбрана на земјата. Според украинските власти погодени се места на север и западот на Украина, како и централните региони Дњепропетровск и Кировоград.

Украинската воздушна одбрана погодила неодреден број проектили и беспилотни летала.