Тетово

Во Тетово поддршка за доктор Бобан Вучевски

16.02.2023 12:30

Главна расправа за пожарот во модуларната болница во Тетово, протест за поддршка на доктор Бобан Вучевски...

Во Основниот суд во Тетово продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларна болница со сослушување на уште сведоци.

Пред да започне главната расправа за пожарот во модуларната болница, пред Основниот суд во Тетово, жители на Тетово одржаа мирен протест за поддршка на доктор Бобан Вучевски-еден од обвинетите кој Јавното обвинителство го товари за кривично дело-непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.