Реакции за одлуката на Европскиот суд во Стразбур
Судот во Стразбур реши – Предметите на СЈО ќе продолжат во домашните судови, Претседателот Пендаровски ја поздрави одлуката на судот во Стразбур, Ковачевски: Одлуката на судот во Стразбур е голема победа и успех • ВМРО-ДПМНЕ: Суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина...

Сите засегнати со постапките поведени од страна на обвинителството и судовите во државата, треба своите права да си ги остваруваат пред домашните институции, како што е наведено и во одлуката на судот во Стразбур, став на претседателот Стево Пендаровски.
„Во оваа смисла, сите постапки пред домашните судови продолжуваат до нивно конечно завршување, односно исцрпување на сите правни средства согласно со правните прописи на нашата држава“ – вели претседателот Пендаровски
Одлуката е во полза на државата и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања, реагираат од Владата.
„Аргументите на владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на есчп. Спротивно на тврдењата на апликантите, судот не утврдува прекршување на европската конвенција за заштита на човековите права (ЕКЧП)“, стои во реакцијата на Владата.
Со свои ставови излегоа и политичките партии. Според опозициската ВМРО ДПМНЕ, славеничките реакции на Владата претставуваат дефокус на јавноста од лошите состојби во земјата.
„Владата наместо да слави за дефокус треба оваа одлука да ја загрижи, бидејќи суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина. Исто како што во јавноста излегува на виделина високата инфлација, криминалните тендери, корупцијата, предавствата, неспособноста како што е последниот случај со повлекувањето на еврообврзницата, со што СДС и ДУИ ја посрамотија државата и го нарушија нејзиниот углед“ се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Одлуката е важна бидејќи со ова ВМРО-ДПМНЕ изгубила во Стразбур и нивниот обид за ништење на правната држава, уште еднаш, се покажал неуспешен, а обидот на Иванов да ги аболира пропаднал велат од владејачката СДСМ.
„Владеењето на правото и правната држава во која одговорноста пред законите е еднаква за сите без разлика на политичка верска национална или каква било припадност се врвни приоритети на СДСМ во градењето праведно и правично општество“, одговорија од СДСМ.
Сега на потег е независната судска власт да ги доведе до крај кривичните постапки, додава Кузеска.
Фиљана Кока
