Продолжува собраниската расправата за реконструкција на Владата
Дискусиите за разрешувањето на тројцата министри на Алтернатива и реконструкцијата на владата продолжија со обвинувања меѓу пратениците...

Дискусиите за разрешувањето на тројцата министри на Алтернатива и реконструкцијата на владата продолжија со обвинувања меѓу пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ ја предупреди Алијанса дека со одлуката за коалиција со СДСМ и ДУИ прави „пакт со ѓаволот“. Како и дека евтино го продале својот интегритет.
СДСМ, пак, со став-одлуките на власта кои не биле популарни во јавноста и често на сметка на нивните политички кариери – одлуката на Европскиот суд за човекови права ја потврди нивната исправност. Победи правдата, велат социјалдемократите.
Според Алијанса за Албанците, која во Парламентот има осум пратеници, влезот во владејачката коалиција е поради европската иднина на државата.
Марина С.Тонева
