Европски парламент
Сослушување на поранешната потпретседателка на Еа Каили за аферата „Катаргејт“
16.02.2023 15:13
Трето сослушување на поранешната потпретседателка на европскиот парламент Ева Каили и трето барање за ослободување...

Трето сослушување на поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили и трето барање за ослободување.
Во притвор е поради наводна вмешаност во скандалот познат како „Катаргејт“, финансирање од Катар и Мароко во замена за услуги и влијание врз одлуките на Брисел.
Адвокатот на европратеникот Марк Тарабела, бара смена на белгискиот судија кој ја води истрагата, социјалистот е обвинет за учество во криминална организација, корупција и перење пари. Покрај Тарабела и Каили, уапсени се и нејзиниот партнер Џорџи, поранешниот европратеник Панцери и директор на невладина организација „Таламанка“, кој е веќе ослободен.
