Словенија

Жупанчич со поддршка за приемот на Македонија во ЕУ

16.02.2023 19:30

Претседателката на словенечкиот парламент ја повтори поддршката за Северна Македонија кон полноправното членство во ЕУ...

Претседателката на словенечкиот парламент ја повтори поддршката за Северна Македонија кон полноправното членство во ЕУ. Во посета на Словенија престојува спикерот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери.

„Република Словенија секогаш се стремела и ќе продолжи да се стреми да ја направи Северна Македонија полноправна членка на Европската унија. Ова е кажано повеќе пати. Важно е земјите кои ги делат истите вредности и кои делат дел од заедничка историја, земјите кои соработуваат добро во секоја област, да ги здружат силите и во рамките на ЕУ, и да станат важни играчи на европската и светската сцена“, изјави Уршка Жупанчич, претседателка на Парламентот.