Кривичен суд

Ласкарци четири години без судски епилог

16.02.2023 20:06

Повторно прекината и презакажана расправата за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, скопско во која пред четири години загинаа 16, а 37 лица беа повредени...

Повторно прекината и презакажана расправата за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, скопско во која пред четири години загинаа 16, а 37 лица беа повредени.

На судењето не се појави вештакот Зекирија Зекири, еден од клучните експерти кои го спроведоа супервештачењето.

По одложените две рочишта, судијката Дијана Груевска Илиевска, не прифати ново одложување, по што судењето продолжи. Но, набрзо беше прекинато поради вревата и хорското одговарање во судницата, за биде презакажано на 16-ти март.

На одложувањето реагираа од Алијанса за Албанците, од партијата велат дека вештакот Зекири оди редовно на работа, но и дека седниците намерно се одолговлекуваат поради застарување на предметот.