Русија
Висока функционерка на руското Министерство за одбрана најдена мртва
16.02.2023 21:40
Висока функционерка во руското Министерство за одбрана почина откако паднала од 16. кат на нејзината зграда во Санкт Петербург, објавија руски медиуми...

Висока функционерка во руското Министерство за одбрана почина откако паднала од 16. кат на нејзината зграда во Санкт Петербург, објавија руски медиуми. Педесет и осумгодишната Марина Јанкина го водела финансискиот оддел во Западниот воен округ, еден од петте во рамките на руските вооружени сили.
Рускиот истражувачки комитет отвори истрага за смртта на Јанкина, а првичниот заклучок бил дека извршила самоубиство.
