Временска прогноза

Сончево со мала локална облачност

17.02.2023 08:22

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени...

Во претпладневните часови ќе биде умерено облачно, а попладне сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 13 степени.