Молдавија

Молдавија доби нова Влада

17.02.2023 09:33

Новата Влада на Молдавија, предводена од прозападниот економист Дорин Речеан, положи заклетва откако ја доби поддршката од мнозинството...

Новата Влада на Молдавија, предводена од прозападниот економист Дорин Речеан, положи заклетва откако ја доби поддршката од мнозинството пратеници во Парламентот.

„За“ гласаа 62 пратеници на владејачката Партија за акција и солидарност, која има апсолутно мнозинство во парламентот со 101 пратеничко место.

Речеан, 48-годишен економист, кој една година беше советник за одбрана и безбедност на молдавската претседателка Маја Санду, беше назначен за премиер минатата недела, откако премиерката Наталија Гаврилица, ненадејно поднесе оставка. Меѓу главните предизвици е членството во Европската Унија, кое според властите, единствен начин земјата да зачувување и зајакнување на демократскиот поредок.