Се зголемува бројот на загинати во земјотресите
Одлуките и реакцијата на владата во Анкара по катастрофата ќе биде меѓу доминантните теми за претседателските избори во мај. Ердоган владее веќе две децении...

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија. Одлуките и реакцијата на владата во Анкара по катастрофата ќе биде меѓу доминантните теми за претседателските избори во мај. Ердоган владее веќе две децении. Истото важи делумно и за Сирија каде 12 години се води граѓанска војна.
Според експертите, претседателот Ал Асад сега гледа шанса да излезе од политичката изолација и да се врати на меѓународната сцена. Аналитичарите велат и дека по земјотресите, Турција добива посмирен тон кон соседите и регионот, додека Сирија барем во почетната фаза од спасувачките напори, доби делумно ослободување од меѓународните санкции.
