Медиуми

ЗНМ и ССНМ на протестен марш

17.02.2023 10:01

Маршот се организира за да се изрази незадоволство од нападите врз новинарите, како и поради навредите и понижувањата од политичарите...

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на протестен марш од Владата до Собранието. На протестниот марш, ќе бидат испратени пораки од претставници на ЗНМ и ССНМ.

Маршот се организира за да се изрази незадоволство од нападите врз новинарите, како и поради навредите и понижувањата од политичарите. Од политичарите и функционерите се бара почитување на фелата и крај на агресивниот државен Пи-Ар.