Роман на годината

19 наслови ја продолжуваат трката за престижната награда

17.02.2023 10:25

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ја направи првата селекција од пристигнатите 35 романи, избирајќи 19 наслови...

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а во состав Симона Јованоска (претседател), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), ја направи првата селекција од пристигнатите 35 романи, избирајќи 19 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Жири-комисијата констатира дека годинашната продукција се одликува со широка жанровска и тематска разноликост.

Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 15 март.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 24-ти пат, стои во соопштението од Фондацијата „Славко Јаневски“.