Косово

Одбележување на 15 години независност

17.02.2023 11:04

Косово ја одбележува 15-годишнината од прогласувањето на независноста, организирани се свечени седници на Парламентот и Владата...

Косово ја одбележува 15-годишнината од прогласувањето на независноста, организирани се свечени седници на Парламентот и Владата, како и дефиле на припадниците на косовските безбедносни сили и на полицијата.

Пред Народниот театар во Приштина се запалени 1.133 свеќи, бројот на загинати деца во војната во 1998-99 година. Манифестации се планирани и во другите косовски општини, како и приеми во дипломатските претставништва.