МВР
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер
17.02.2023 11:18
Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, при претрес во домот на В.Х.(41) во подрачјето на Центар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана...

Вчера, во 21.10 часот, полициски службеници, од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Х.(41) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Центар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.
