МВР

174 санкции за брзо возење на територија на цела држава

17.02.2023 11:29

Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 174 возачи.

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 106 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 68 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира,  до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.