протести

ЗНМ и ССНМ излегоа на протестен марш

17.02.2023 13:09

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници излегоа на протестен марш, од Владата до Собранието, побарано итно донесување на неопходните закони, важни за правата на новинарите, почитување на фелата од политичарите и функционерите и крај на агресивниот државен Пи-Ар...

Незадоволство од нападите врз новинарите, зачестените навреди и понижувања од страна на политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат се дел од причините за протестниот марш во одбрана на достоинството, на новинарите и медиумските работници. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски изјави, дека е време да се смени ваквиот амбиент и да се случат промени.

Претседателот на ССНМ, Павле Беловски рече дека е повеќе од итно, треба да се донесат законски решенија, кои се важни за правата на новинарите и за работата на медиумите и нивно доследно имплементирање, акцискиот план со овие барања, тие го поднесоа во Владата.

Достоинствени плати, колективни договори таму каде што ги нема, обезбедување услови за квалитетни новинарски содржини, обезбедување и независно функционално работење на јавниот сервис, крај на агресивниот пиар на власта се пораките кои новинарите ги пренесоа пред законодавниот дом.

Со овој марш е да се даде поддршка и да се крене свеста во каква состојба се наоѓаат новинарите од внатрешноста работат во полоши услови.

 

 

Марина С. Тонева