Влада

Привршуваат законските одредби за „Трикафта“

17.02.2023 13:13

Надлежните, заедно со Асоцијацијата за цистична фиброза дискутирале и за тригодишната програма, со која ќе се обезбеди буџетска предвидливост и соодветно планирање на набавките, со што, како што велат од Владата, се обезбедува сигурност за пациентите во иднина...

Денеска се очекува работната група да ги дефинира финалните предлог законски одредби за да се овозможи преку директни преговори со производителот да може да се набавува лекот „Трикафта“. Надлежните, заедно со Асоцијацијата за цистична фиброза дискутирале и за тригодишната програма, со која ќе се обезбеди буџетска предвидливост и соодветно планирање на набавките, со што, како што велат од Владата, се обезбедува сигурност за пациентите во иднина.

Измените на законските решенија се одвиваат паралелно со набавката на лекот за најкритичните пациенти, за чија намена од Фондот за здравство минатата недела биле одобрени над 2,2 милиони евра. Испораката на лекот од добавувачот се очекува во најбрз можен период, не подолг од 30 дена, информираат од Владата.