Истече рокот за усогласување на бугарските клубови
Централниот регистар информираа дека барање за усогласување на работата поднело само здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид....

Истече рокот за усогласување на бугарските клубови, согласно законот за здруженија и фондации. Од Централниот регистар информираа дека барање за усогласување на работата поднело само Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид.
До Министерството за правда ќе достават список со здруженија кои треба да се анализираат, од правда пак, треба да изготват решение најдоцна за еден месец. Петчленото „ад хок“ тело, ќе заседава во понеделник, за да се разгледаат и предлозите за ново име на клубот „Цар Борис Трети“. Засега не е познато колку предлози има, ниту кои се имињата.
Основачите на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, одбија преименување и најавија тужба против државата.
