Македонија Бугарија
Во Софија продолжува состанокот на Мешовитата бугарско-македонска историска комисија
17.02.2023 13:33
Засега нема детали за што било разговарано, но очигледно последните случувања во македонско-бугарските односи влијаат и на нејзината работа...

Во Софија продолжува состанокот на Мешовитата бугарско-македонска историска комисија. Засега нема детали за што било разговарано, но очигледно последните случувања во македонско-бугарските односи влијаат и на нејзината работа.
Камен на сопнување е решението за Гоце Делчев, но и за другите спорни прашања. Досега Мешовитата комисија, постигна договор да препорача заедничко чествување за Кирил и Методиј, Климент Охридски, Наум Охридски и за Цар Самуил.
Усвоени се и препораки за петти клас во бугарскиот и за шесто одделение во македонскиот образовен систем.
