Расправа за предлогот за разрешување на министерот Алити
Во Собранието, расправа за предлогот за разрешување на министерот за информатичко општество, Адмир Алити. Повторно пријавени 40-на дискутанти. По четири дена заврши расправата за разрешување на министерот за здравство Беким Сали. Гласањето ќе биде дополнително закажано...

Тргни застани и по неколку дена расправа за разрешување на старите и за изгласување на новите владини членови. Народните избраници кои говорат во речиси празна сала расправаат за се освен за новите кадровски решенија. И за смената на Адмирим Алити, министерот за информатичко општество и администрација, наликува на претходните. Опозицијата критикува – администрацијата е партизирана, уценета, а власта е во стечај.
Мнозинството возвраќа – пораките на амбасадорите се јасни-опозицијата ги кочи процесите за влез во ЕУ. Велат 11 години претходната власт покажала што е корупција. Засегнатата Алијанса чии членови треба да бидат изгласани за нови министри апелираа да се остане на дневниот ред.
Дека квалитетот на дискусиите е на ниско ниво и најчесто се неаргументирани покажала анализата на институтот за демократија спроведен во ланското второ полугодие. Според него говорниците во 39 проценти од нивните излагања немале аргументи, додека во 54 биле слабо аргументирани. Еден или повеќе аргументи биле забележани само во 7 проценти од дискусиите.
Фиљана Кока
