САД

Бајден: Соборените летала се на приватни субјекти

17.02.2023 14:27

Нема индикации дека трите соборени летечки објекти се поврзани со кинеска шпионска програма...

Нема индикации дека трите соборени летечки објекти се поврзани со кинеска шпионска програма, веројатно се од приватни субјекти, изјави претседателот на САД, Бајден.

Според разузнавачите, траекторијата на кинескиот балон над САД била случајна. Бајден најави средба со кинескиот претседател, но не се извинува за соборувањето на кинескиот балон. Челникот на Белата куќа нагласи дека не сака нова студена војна во меѓувреме, кинески балон е пронајден и на Тајван.