Високи емисии на загадување на амбиенталниот воздух
Во штипско откриен погон на приватна фирма во која се произведувал токсичен отпад. Запленети боци со фреон, кои се забранети за продажба...

Државниот инспекторат за животна средина, се фокусира на мониторинг и превенција во жешките точки кои се најголеми загадувачи на почвата, воздухот и подземните води во земјава, Југохром-Јегуновце, Охис, Топилница- Велес, областа околу Табановце, Лојане со високата концентрација на арсен.
Според директорот на инспекторатот Сретен Стојковски, откриен е погон на приватна фирма во штипско која произведувала токсичен отпад, а биле запленети боци со фреон кои се забранети за продажба.
Инспекторат, утврдил високи емисии на загадување на амбиенталниот воздух, во околината на фабриката Усје и покрај тоа што од фирмата ги известиле дека нема да работат во периодот од 13-ти до 20-ти февруари годинава.
Државните инспектори за една година извршиле 2.100 инспекциски надзори над сите приватни и државни компании кои се потенцијални загадувачи, а во над 17 насто од случаите се откриени неправилности. Наредиле и анализа на маслата во трансформаторите кои се во приватна сопственост.
Игор Панов
