Менаџери од 30 мали и средни компании ќе ги подобрат своите вештини преку „Лидер“ обуки

05.05.2014 12:30

Обуките ќе ги посетат менаџери на компании од преработувачката индустрија, агро секторот, трговските и услужните дејности...

Менаџери од 30-тина мали и средни компании од денеска ќе ги следат двонеделните „Лидер“ обуки што ги организира сојузот на стопански комори во соработка со организацијата „Македонија 2025“.

Обуките ќе ги посетат менаџери на компании од преработувачката индустрија, агро секторот, трговските и услужните дејности.

Обуките се бесплатни и се одржуваат седма година по ред со професори од универзитетот „Ричард Ајви“ од Канада. Фокусирани се на развојот на претприемништвото, стратешкото планирање, финансиското работење во компаниите и воведувањето на одредени иновации.

Извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов, истакна дека со самиот факт што од година во година има се поголем интерес за овие обуки, потврдува дека истите се успешни.

Проект менаџерот на обуките, Том Пиклс, изјави дека Македонија е едно од најдобрите места за имплементирање на проектот „Лидер“.