конференција

Почна Минхенската безбедносна конференција

17.02.2023 15:10

Речиси една година по руската инвазија, војната во Украина топ тема на Минхенската безбедносна конференција. Западните лидери ја потврдуваат посветеноста да и помагаат на земјата да се одбрани од агресијата. Претставници на Москва не се поканети на собирот...

Во Минхен почна 59-тата Минхенска безбедносна конференција, учествуваат голем број меѓународни претставници, шефови на држави и влади и претставници на меѓународни организации и граѓанското општество. Теми на средбата се предизвиците на надворешната и безбедносната политика, со акцент на руско-украинскиот конфликт.

Меѓу говорниците, германскиот канцелар Шолц, францускиот претседател Макрон, претседателот на Европскиот совет Мишел, Бил Гејтс.

„Она што е ново е тоа што оваа минхенска безбедносна конференција се одржува додека во исто време се води војна на агресија на европско тло од Русија против Украина. Тоа ги зголемува влоговите за конференцијата. во светлина на фактот дека нападот врз Украина не е чисто европски конфликт, а нечисто европско прашање, затоа што достигнува многу подалеку од тоа, како и амбициите на Русија, како што можете да видите, без разлика дали зборуваме за блискиот исток, другите региони во источна Европа, Африка, но и Индо пацификот“, изјави Борис Писториус, германски министер за одбрана.

Годинава на конференцијата не се поканети руски претставници, ниту претставници на Иран, конференцијата ќе се одржува до 19-ти февруари.

Пред конференцијата, логистички предизвици поради штрајк на германските аеродроми, седум големи аеродроми во Германија се во застој, откако стотици вработени стапија во штрајк за плати, многу делегати беа советувани да дојдат со воз.

 

Марина Ристова