ЗЕЛС

Средба на раководството на ЗЕЛС со делегација од Црна Гора

17.02.2023 16:43

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски и потпретседателот Перо Костадинов денеска имаа средба со шестчлена делегација од Одборот за политички систем, правосудство и управа при Собранието на Република Црна Гора, предводена од претседателот на Одборот, Момо Копривица...

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски и потпретседателот Перо Костадинов денеска имаа средба со шестчлена делегација од Одборот за политички систем, правосудство и управа при Собранието на Република Црна Гора, предводена од претседателот на Одборот, Момо Копривица.

Како што е наведено во соопштението од ЗЕЛС, претставниците од црногорската делегација биле информирани за искуствата на единиците на локалната самоуправа од нашата земја, за законската регулатива и нејзината имплементација на локално ниво, како и за степенот на развој на процесот на децентрализација на власта, од причина што во овој момент во Република Црна Гора се започнати процедури на законски измени поврзани со локалната власт.