Тетово

Волонтерот Стојановски се врати од Турција

17.02.2023 18:26

Тетовецот Александар Стојановски волонтер во тимот за заштита и спасување при ДЗС, се врати од погодените турски подрачја. Тој без многу двоумење веднаш прифатил да замине во хумана мисија, каде видел ужаси, но и голема хуманост и солидарност...

Морничави и страшни слики, но и народ кој се носи со големите предизвици, се само дел од впечатоците на тетовецот Александар Стојановски кој беше дел од македонскиот тим кој помагаше во разрушените подрачја.

Тој е волонтер во тимот за спасување, при Дирекцијата за заштита и спасување кој беше во турскиот град Адијаман. Без многу двоумење веднаш прифатил да биде дел од спасувачката мисија.

Македонскиот тим извлече една жена од под урнатините. Спасувањето, вели Стојановски е голем и сложен процес, но без тимска работа, како и помош од локалните заедници, залудни би биле сите акции.

Солидарноста и сплотеноста на турскиот народ вели Стојановски, но и помошта која доаѓа однадвор, ќе ја победат катастрофата во која илјадници луѓе ги загубија животите.

 

 

 

Зоран Димовски