временска прогноза
Претежно сончево со умерена облачност
18.02.2023 09:25
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени...

Времето денес ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 16 степени.
