Ковачевски на 59-та Минхенска конференција
Преструктурирање на светските сили по воената агресија на Русија врз Украина, насоки на светската безбедност и нови одговори на безбедносните предизвици во фокусот на Минхенската безбедносна конференција. Премиерот Ковачевски ја предводи македонската владина делегација во Минхен...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација на годинешната Минхенска конференција. Премиерот Ковачевски е придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Премиерот Ковачевски ќе оствари средби со лидери и високи претставници на одделни држави и меѓународни организации, а ќе учествува и на тркалезната маса посветена за земјите од Западен Балкан и важноста од евроинтегративниот процес во услови на геополитички превирања.
