Сан Антонио и Бруклин преживеаја!
Неверојатното прво плеј – оф НБА коло кулминираше со двете вчерашни „мајсторки“ по коишто Сан Антонио и Бруклин се пласираа во конференциските полуфиналиња.

Сан Антонио го декласираше Далас со 119:96 за пресметка со Портланд. Се беше решено по пшрвото плувреме коешто „Спарс“ го добија со 68:45. Триото најискусни ја креираше победата ан сан Антонио. Тони паркер постигна 32 поемна, Ману Џиновили реализираше 20 коша, 5 асистенции и 6 украдени топки, додека Тим Данкан на 15-те поени придодаде и 8 скока.
Како и цела серија, седмиот натпревар меѓу Торонто и Бруклин имаше драматична завршница којашто им припадна на „Нетс“ со 104:103. Канаѓаните имаа напад за триумф, но на 6 секунди до крајот Пол Пирс го блокираше шутот на Кајл Лоури кој со 28 поени беше најефикасен на мечот. Кај гостите најпрецизен беше Џое Џонсон со 26 коша. Противник на Бруклин во второто коло на „истокот“ ќе му биде шампионот Мајами, додека во второто полуфинале ќе се соочат Индијана – Вашингтон. Покрај Сан Антонио – Портланд, на „западот“ ќе играат уште и Оклахома – Клиперс.
Сериите од второто коло од доигрувањето ќе стартуваат во вторник, и тоа со истиот формат според којшто за конференциско финале повторно ќе бидат потребни четири победи.
