турција-сирија

Над 45.000 жртви во Турција и Сирија

18.02.2023 10:58

Единаесет дена по земјотресот, тројца преживеани вчера беа извлечени под урнатините. Иако повеќето меѓународни спасувачки тимови ја напуштија широката земјотресна зона, домашните тимови продолжуваат со потрагата по преживеани...

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија надмина 45.000. Уништени се над 264.000 станови. Единаесет дена по земјотресот, тројца преживеани вчера беа извлечени под урнатините. Иако повеќето меѓународни спасувачки тимови ја напуштија широката земјотресна зона, домашните тимови продолжуваат со потрагата по преживеани.

Во погодените области подтои опасност од ширење заразни болести. Светската здравствена организација апелираше за 84,5 милиони долари за решавање на здравствените потреби по земјотресот во Турција и Сирија.