УКРАИНА
На фронтот во Украина битките продолжуваат, Зеленски бара забрзана поддршка
18.02.2023 11:42
Зеленски ги повика сојузниците да ја забрзаат поддршката...

Руската платеничка група „Вагнер“ претрпе повеќе од 30.000 жртви од почетокот на руската инвазија на Украина, при што околу 9.000 нејзини членови загинаа во борбите, соопшти Белата куќа. На фронтот битките продолжуваат. Украинскиот претседател Зеленски ги повика сојузниците да ја забрзаат поддршката и нагласи дека „нема алтернатива за победата на Украина“.
На овогодишната 59. Минхенска конференција за безбедност во фокусот се преструктуирањето на светските сили, предизвикано од воената агресија на Русија врз Украина, насоката во која се движи светската безбедност и потребите од нови одговори на новите безбедносни предизвици.
