Винариите доцнат со исплата на ланскиот род
Лозарите реагираат дека дел од винариите доцнат со исплата на предаденото грозје од ланскиот род, а дел од родот останал по лозјата необран поради ниските откупни цени...

Лозарите започнаа со работите околу кроењето на лозјето, на подготовката за новата сезона. Но проблемите кои останеле од лани, уште ги тиштат. Се жалат дека останало големо количество необрано грозје, дека уште не е исплатено откупеното. Барале средба со министерот за земјоделие, за да кажат што проблеми имаат, но состанок немале.
Лозарите се разочарани што работат а немаат извесна иднина, кому и по која цена ќе го продадат родот. Реагираат дека лани објавената највисока цена за откупот на грозјето, во пракса, откупувачите не ја почитувала. Лозарите се жалат дека се доцни со исплата на ратите од лани откупеното грозје.
Регионот на Тиквеш, или македонската Тоскана, е најголемиот производител на грозје во земјава, каде околу три илјади лозари живеат од оваа култура. Дел од нив најавуваат намалување на површините што ги работат.
Петар Печков
