Формула 1

Договор на богати со „сиромашни“, тешко

05.05.2014 13:07

Идејата за ограничување на трошоците во формула 1 и натаму го продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните клубови.

Помалите тимови го подржаа предлогот на претседателот на ФИА Жан Тод од наредната сезона да се воведе ограничување на трошоците, но великаните Ферари , Ред Бул и Мерцедес ставија вето на ваквата идеја што иницира итен состанок во Лондон за решавање на проблемот и смирување на страстите. Според Спорт Билд, еден од предлозите е да се укине еден од двата слободни тренинга во петоците и „замрзнувањето на болидите во „парк ферме“    да биде уште по тој тренинг. Несогласувањата ги потврди и Тото Волф од Мерцедес според кого големите тимови се на стојалиште Ф1 да го задржи глобалниот бренд, додека помалите сакаат само да се тркаат во поизрамнети услови.

Непотврдено, новиот план за намалување на трошоците предвидува уште за наредната сезона да се забрани користењето на греачите на пневматици, поедноставување на системите  за сопирање, за снабдување со гориво и поедноставување на предното крило, како и ограничувања на траењето на моторите и менувачите на повеќе трки..Сето тоа како вовед во бројните унификации и стандардизации  на различни системи што би ги контролирала ФИА.