СКАНДИНАВИЈА

Бурата „ОТО“ го запре сообраќајот во Скандинавија

18.02.2023 14:56

Во Данска се евакуирани бројни станбени згради, затворен е мостот што ги поврзува Копенхаген и Малме во Шведска, а норвешките фериботи се откажани...

Бурата ОТО предизвика хаос на Скандинавија. Во Данска се евакуирани бројни станбени згради, затворен е мостот што ги поврзува Копенхаген и Малме во Шведска, а норвешките фериботи се откажани.

Железничките линии меѓу Малме и Гетеборг се исто така откажани. На граѓаните им се препорачува да не патуваат. Градежна компанија од Копенхаген евакуираше 280 жители од три станбени блокови, предупредувајќи дека невремето може да ги урне. Станува збор за станови од 1950-тите, изградени со грешки и не можат да го издржат ветерот.