УКРАИНА

Сирени за воздушни напади низ цела Украина

18.02.2023 15:46

Битките продолжуваат. Украинскиот претседател Зеленски од 59-та Минхенска конференција нагласи дека „нема алтернатива за победата на Украина“...

Предупредувања за руски воздушни напади на територијата на цела Укрина. Сирените се огласија во сите региони со исклучок на Харков, Суми и Полтава. Битките продолжуваат. Украинскиот претседател Зеленски од 59-та Минхенска конференција нагласи дека „нема алтернатива за победата на Украина“.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, од Минхен порача дека сојузниците мора да ја удвојат воената поддршка со која плановите на Путин целосно ќе пропаднат. За прв пат по две децении, Русија не е поканета на конференцијата.

Во меѓувреме, американската војска објави договор за речиси една милијарда долари за зголемување на производството на артилериска муниција, која Украина ја користи во големи количини.