Корејски Полуостров
Пјонгјанг истрела балистичка ракета
18.02.2023 15:10
Се работи за проектил со долг дострел истрелан од локација недалеку од Пјонгјанг...

Северна Кореја истрела балистичка ракета во морето во близина на источниот брег, соопшти воената команда на Јужна Кореја. Се работи за проектил со долг дострел истрелан од локација недалеку од Пјонгјанг.
И Јапонската крајбрежна стража соопшти дека Северна Кореја лансирала балистичка ракета. Лансирањето доаѓа по предупредувањата на Пјонгјанг дека силно ќе одговори на претстојните американско-јужнокорејски воени вежби.
