временска прогноза

Сончево и топло

19.02.2023 09:54

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.