Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер синоќа го погоди централниот турски регион
Не мирува земјиштето во Турција. Во измината ноќ регистрирани серија земјотреси. Најсилниот од 5,2 степени по Рихтер бил во централниот дел на земјата. Досега во катастрофалниот потрес загинаа над 45 илјади луѓе …

Тлото во Турција не престанува да се тресе. Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер синоќа го погоди централниот турски регион, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Во погодените подрачја бројот на жртвите од разорниот потрес на 6-ти февруари се искачи на над 46.000 луѓе. Хуманитарните конвои на ОН влегуваат од Турција во северозападна Сирија за да доставуваат помош за жртвите од земјотресот.
„Мислам дека најголемиот предизвик е да се зголеми колку што е можно повеќе и да се добие што повеќе помош преку трите гранични премини што ги имаме“, изјави Кирстен Милдрен, портпарол на канцеларија на ООН.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен е во официјална посета на Турција за зајакнување на поддршката на Вашингтон за Анкара по катастрофалните потреси.
