Без политички мобинг за социјална правда
Во пресрет на Меѓународниот ден на социјалната правда 20 февруари, невладината „ЛАГ Агро Лидер“ со иницијативи и активности – измени во законот за мобинг, особено за политичкиот мобинг кој го имаат преку две третини од вработените. Дел се од работната група во Mинистерството за труд и социјална политика...

Преку 77 насто од анкетирани вработени потврдуваат вознемирување на работното место поради политичката припадност. Најизразено е кога има промена на локалната и националната власт, покажало истражувањето на невладината ЛАГ Агро Лидер“ која поведе иницијатива за промена на законот за мобинг. Има потреба и на тоа е фокусирана работна група при Министерството за труд и социјална политика.
Мобингот тешко се докажува, многу малку се пријавува. Главно, поради недоверба во институциите и страв за работното место. Пратенички и советнички на терен во општините во прилепско за предлози и мислења.
Искоренувањето на мобингот, во случајов, политичкиот, е голем чекор до постигнување социјална правда.
Елизабета Митреска
