Тим на ММФ од утре во посета на Македонија

05.05.2014 13:08

Станува збор за редовна посета...

Тим на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предводен од Иванна Владкова Холар, од утре до 19 мај ќе претстојува во Скопје, соопштија од канцеларијата на ММФ во Скопје. 
 
Станува збор за редовна посета при што ќе има разговори во поглед на Член 4 за 2014 година и Пост-програм мониторинг (ППМ) , со цел изготвување на извештај што ќе биде поднесен до Бордот на директори на ММФ.
 
Посетата претставува редовно извршување на проверка на која се обврзуваат сите земји членки кога се приклучуваат на ММФ.