тетово

Во тетовско малолетничката деликвенција е во пораст

19.02.2023 11:56

Малолетничката деликвенција во тетовско зема се поголем замав, говорат податоците на полицијата и невладините организации. Економските фактори се пресудни за зголемување на ваквите престапништво, велат експертите, но семејството игра најголема улога...

Тешки кражби, насилство, нарушување на јавен ред и мир, се само дел од кривичните дела во тетовско во кои лани учествувале 90 малолетници. Најчесто се работи за престапници кои ги повторувале делата, велат од полицијата.

Блерта Ахмети, професорка по казнено право, вели дека во последниве две години малолетничката деликвенција е во подем. Децата претежно се на социјалните мрежи без надзор од семејството, а едукацијата од родителите и во училиштето е на минимум.

Од Општина Тетово, велат дека против детското престапништво, ќе се борат преку новоформираниот Совет за превенција, чија основна цел е едукација, претежно на децата кои вршат незаконски дејства.

Од СВР Тетово пак, соопштија дека лани реализирале повеќе превентивно-едукативни проекти со малолетниците, со цел подигнување на свеста за штетните последици, како и запознавање со законски импликации од малолетничката деликвенција.


Зоран Димовски