Дамаск

Израел истрела проектил кон Сирија

19.02.2023 12:12

Израелците истрелаа проектил кон главниот град на Сирија. Погодена е станбена зграда во централен кварт на Дамаск. Најмалку 15 лица загинаа, а 15-тмина се ранети. Голем број згради се оштетени …

Израелски проектил погоди зграда во централен кварт на Дамаск, во близина на голем разузнавачки комплекс и седиштето на иранските организации, при што загинаа 15 лица. Оштетени се неколку згради во густонаселен дел од градот, недалеку од плоштадот Омајад.

Според сириската армија, Израел по полноќ истрелал повеќе ракети врз неколку области на градот. Ова досега е најсмртоносниот израелски напад врз сириската престолнина.