Гранатирано село во регионот Харков
На брифингот на украинскиот Генералштаб доцна синоќа беше кажано дека Русите го гранатираат селото, но немаше информации за негово заземање...

Руското Министерство за одбрана тврди дека нивните сили го зазеле Хрекивка, село во источниот украински регион Харков. На брифингот на украинскиот Генералштаб доцна синоќа беше кажано дека Русите го гранатираат селото, но немаше информации за негово заземање.
„Оваа недела добивме силни сигнали од нашите партнери и конкретни договори во врска со неизбежноста да се бара одговорност од Русија за агресија, за терор против Украина и нејзиниот народ“, изјави Володомир Зеленски, претседател на Украина.
Зајакнување на поддршката за Украина, една година по руската агресија, потребата од заштита на меѓународниот поредок беа дел од темите на 59-та Минхенска безбедносна конференција вчера и завчера во Минхен. ЕУ и НАТО едногласни, мора да се забрза поддршката за Украина.
