НОВ ЗЕЛАНД
Деветмина загинати по циклонот „Габриел“ во Нов Зеланд
19.02.2023 12:27
Полицијата претпоставува дека многумина немаат пристап до комуникации бидејќи околу 62.000 згради останаа без струја...

Бројот на загинати од невремето „Габриел“ во Нов Зеланд се искачи на девет, а потрагата по исчезнатите во невремето сè уште трае. Полицијата претпоставува дека многумина немаат пристап до комуникации бидејќи околу 62.000 згради останаа без струја.
Во тек е санирање на последиците од невремето и обилните врнежи од дожд кои доведоа до блокирани патишта, урнати мостови и поплавени домови.
